Услови и одредби YTMP3.com

 

1. За YTmp3.com

 

YTMP3.com е веб-страна во сопственост на MANDARINE INTERNATIONAL S.A., со седиште во Bucharest, 28-30 Academiei Street, 8th floor, 1st District, Bucharest, Romania, евидентирана во Трговскиот регистар под бр. J40/8533/2016, CUI 36225888, компанија која го поседува и раководи YTMP3.com.

 

YTMP3.com бесплатно им става на располагање на корисниците конвертор што ја нуди можноста за трансформирање на датотеки од видео формат во MP3 датотеки, во експресни услови наведени во овој дел Услови и одредби.

 

Со оглед на фактот дека користењето на YTMP3.com подразбира безусловно прифаќање на овие услови и одредби и безусловно почитување на корисникот на сегашните услови, Ви препорачуваме да одделите доволно време за внимателно да ги прочитате овие Услови и одредби. Исто така, Ви препорачуваме и периодично да ја препрочитувате ажурираната верзија на овие Услови и одредби на YTMP3.com.

 

Условиве се применуваат без оглед на уредот што се користи за пристап до веб-страната на YTMP3 (вклучувајќи десктоп, лаптоп или мобилен веб прелистувач, дигитална телевизија, мобилни телефони, персонални компјутери на автомобили, преносни дигитални уреди и било кој друг мобилен уред или призната технологија во моментов или што ќе се развива во иднина).

 

YTMP3.com не е домаќин на ниедна од датотеките наменети за конверторот. URL што го поставувате се чува само во временскиот период потребен за конверзија на датотеката или, кога е потребно, датотеката се чува определено време за одредени статистички постапки со цел да се оптимизираат нашите услуги.

 

2. Дефиниции

 

„YTMP3.com содржина“: вклучува, без да се ограничи на, секој текст, графика, скици, логоа, слики, аудио материјал, филмови или други слики со движење, статии кои постојано или повремено се појавуваат на веб-страната, детали за производот и/или софтверот, објавени или достапни на било каков начин на корисникот на веб-страната, како и производи што се обезбедени преку веб-страната.

 

„Брендови, цртежи“: трговски марки, логоа и брендови за услуги (без разлика дали се регистрирани или не), кои се прикажани на веб-страната.

 

„Авторски права“: правото да се биде признат како единствен автор на делото, со моралните и патримонијалните карактеристики наведени од Законот бр. 8/1996 во врска со авторските права и сродните права, како и оние што се наведени од меѓународните конвенции до кои Романија се придржува.

 

„Конвертор“: софтвер кој има способност да конвертира аудио датотеки од еден формат во друг (на пример, од FLAC во MP3). Често избира параметри за кодирање за секој излезен формат на датотеката, со цел да се добие квалитетен звук.

 

3. Општи услови за користење на веб-страната

 

YTMP3.com Ви става на располагање и Ви дава дозвола за користење производи/услуги понудени од веб-страната само со строго почитување на сегашните услови. Пристапот и користењето на веб-страната YTMP3.com се во надлежност на сегашните правила и се условени со нивно прифаќање и почитување. Правилата за користење се применуваат на сите лица кои имаат пристап или ја користат веб-страната.

 

За да ги користите услугите обезбедени од веб-страната, мора да имате правна способност да се придржувате кон условите на YTMP3.com или да имате согласност од родителите или старателите да ја прелистувате веб-странава и тоа под нивен надзор и овластување.

 

Со пристап и користење на веб-страната YTMP3.com, целосно и безусловно прифаќате да ги почитувате во целост и без исклучок сите правила наведени во Услови и одредби на YTMP3.com. Ако делумно или целосно не ги прифаќате прописите на Услови и одредби на YTMP3.com, или сте пристапиле на веб-страната по грешка, без намера за прифаќање на сегашните Услови и правила на YTMP3.com, или немате способност целосно да ги разберете или прифатите условите и правилата на користење на YTMP3.com, Ве молиле напуштете ја веб-страната веднаш и не користете производи од YTMP3.com.

 

Посетителите имаат слободен и неограничен пристап до веб-страната и се овластени да ја користат веб-страната и излезната датотека од конверзијата, во согласност со прописите од Услови и одредби на YTMP3.com и само со почитување на законските поврзани диспозиции, меѓународните конвенции, само за лични и некомерцијални цели, без да се нарушат правата и легитимните интереси на трети лица.

 

YTMP3.com е „дадена како таква“ само за лична употреба и не може да се користи, копира, дистрибуира, пренесува, издава, објавува, продава, лиценцира или експлоатира на било кој друг начин од оние наведени во сегашните услови или за други цели, без претходна писмена согласност од YTMP3.com. Конверторот од YTMP3.com (страната за веб-администратори) може да се користи од други веб-страни кои сакаат директно да ја користат оваа бесплатна онлајн алатка.

Вашиот пристап до YTMP3.com може веднаш да се ограничи или забрани, без никакво претходно известување, без да сме принудени на било кој начин да ја мотивираме одлуката, ако се прекрши некој од прописите од сегашните Услови и одредби.

 

Бидејќи ова е бесплатна услуга, сопственикот, и администраторот на веб-страната YTMP3.com, без било каква формалност или претходна постапка, без никакво известување, еднострано, немотивирано, безусловно и според своја сопствена волја, може да одлучи услугите на YTMP3.com да се суспендираат или прекинат. Исто така, еднострано, немотивирано и според своја сопствена волја, може да одбие пристап на секој корисник на страната YTMP3.com и/или употреба на конверторот.

 

Забрането е да се наруши употребата и користењето на веб-страната од трети лица, пренос на компјутерски вируси или други елементи кои штетат на доброто функционирање на веб-страната. Активирање или користење на било кој компјутерски систем е забрането, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на „роботи“, „пајаци“ и „офлајн читатели“ или било кој систем кој пристапува на веб-страната на начин кој во одреден временски период може да пренесе повеќе пораки со покани отколку што може човек разумно, користејќи конвенционален веб прелистувач, во истиот временски период. Собирање на информации или лични податоци за идентификација од веб-страната YTMP3.com е забрането; користење на комуникациски системи кои се нудат на веб-страната (кога тоа е случај) за комерцијални цели, исто така, е забрането.

 

Со користење на веб-страната, обврзани сте да не избегнувате, исклучувате или на било кој начин да се мешате со системите за безбедност на веб-страната или со системите што го спречуваат или ограничуваат користењето или копирањето на било кој елемент на содржини од веб-страната или што наметнуваат ограничувања во користењето на веб-страната.

 

4. Почитување на законот, правата на трети лица и интелектуалната сопственост

 

YTMP3.com им става на располагање на корисниците конвертор што треба да се користи од лицето на своја и исклучива одговорност на таков начин што не се оштетуваат права на трети лица. Конверторот може да се користи строго за конвертирање датотеки со видео формат кои содржат податоци за кои корисникот има законско право да ги користи и за чие симнување, конверзија и употреба нема законски ограничувања (на пример, симнување или конвертирање на едно од видеата на корисникот, симнување или конвертирање на видео датотека кога ова право се пренесува од авторот, симнување или конвертирање на видео датотека во согласност со исклучоците наведени во член 33 од Законот бр. 8/1996 во врска со авторското право и сродните права, симнување или конвертирање на видео датотека во аудио со образовни цели, во рамките и со почитување на законските услови, други експресни ситуации наведени во законот). Датотеките од конверзијата може да се користат само за лични цели и во никој случај за комерцијални цели, корисникот нема право јавно да ја објавува содржината од крајната mp3 датотека под никакви околности и на никаков начин.

 

YTMP3.com не дозволува преку веб-страната да се извршуваат нелегални активности, вклучувајќи ги и активностите кои ги кршат правата на интелектуална сопственост. Немате право да го користите YTMP3.com за конвертирање датотеки кои содржат нелегални податоци, кои се добиени преку кршење на законот, кои кршат договори за доверливост или авторски права на други лица. Со секое прекршување на овој услов, одговорни сте исклучиво пред законот.

 

 Ве молиме имајте предвид дека кога земате и прикачувате на било кој начин датотеки или било какви материјали на веб-страната (за користење на конверторот или за која било друга цел), не го прекршувате правото на интелектуална сопственост или други права кои припаѓаат на трети лица. Кога материјалите прикачени на веб-страната YTMP3.com (за користење на конверторот или за други цели) се преземаат од други веб-страни, Вие ги почитувате и прифаќате политиките на соодветната веб-страна во однос на сопственоста и употребата на податоци и на соодветни материјали. Ве молиме да ги прочитате и да ги почитувате условите и одредбите, како и сите други документи кои ги регулираат условите за користење на соодветните веб-страни; во спротивно, ризикувате да ги прекршите условите на сопственост и користење на соодветните податоци и материјали, и може да бидете санкционирани. Законските услови во кои податоците и содржината преземени од други веб-страни може да се користат може да се разликуваат во зависност од важечките закони во земјата на корисникот или законите кои се применуваат за сопственикот на изворната веб-страна. Должни сте да се информирате во врска со овие законски барања и да ги почитувате.

 

Корисникот сноси целосна одговорност за сите активности поврзани со симнатите податоци од веб-страни на трети лица и прикачени на YTMP3.com. Секој пат кога авторските права на прикачените содржини што треба да се конвертираат припаѓаат на трето лице, мора прелиминарно да се согласите со носителот на правата за симнатата/прикачена содржина за условите во кои соодветните работи можат да се користат. Корисникот е одговорен за законитоста на користењето на YTMP3.com. YTMP3.com нуди само техничка платформа, дејствува само како снабдувач на технички производи во областа на информатиката. YTMP3.com не презема никаква одговорност кон корисникот или трето лице за законитоста на податоците воведени за конверзија или начинот на користење на веќе конвертираните податоци.

 

Ако го користите нашиот конвертор YTMP3.com без почитување на важечките закони, особено оние кои се однесуваат на интелектуална сопственост, може да Ви се забрани пристап до услугите на веб-страната YTMP3.com, по што ќе бидете блокирани од нашата веб-страна, без претходно известување, ако бидеме дополнително известени за вакви практики.

 

Веб-страната YTMP3.com и нејзината целосна содржина, програми, трговски марки, логоа, графики, текстови, аудио или видео датотеки, фотографии, цртежи, софтвер и бази на податоци, како и други материјали објавени на веб-страната, се заштитени со законот за авторски права и се во сопственост на Mandarine International S.A. или нејзините партнери.

 

Веб-страната и нејзината содржина се заштитени од романската легислатива за авторските права, како и важечката меѓународна легислатива за авторските права. Употребата на логото на YTMP3.com и на други брендови од Mandarine International S.A. или здружението со името YTMP3.com или Mandarine International S.A. е забранета без претходно да се добие наша писмена дозвола.

 

Неовластено копирање и секоја интервенција, трансформација или менување на компјутерска програма што е во основата на веб-страната е забранета, без дозвола од носителот на авторските права на програмата.

 

Ако сметате дека Вашите права се повредени од неправилно користење на веб-страната YTMP3.com, Ве молиме известете нè за повредата на правата, точните датуми на незаконската употреба и доказ за фактот дека укажаната повреда е во врска со Вашите права. Известувањето мора да содржи податоци кои овозможуваат идентификација на копираното дело, веб-страна или линк од каде што тврдите дека тоа е преземено, краток, но убедлив доказ кој го поддржува фактот дека сте носителот на авторските права на делото или доказ дека дејствувате во име на носителот на правата, како и декларација за Вашата сопствена одговорност во која го прифаќате ризикот да ги сносите трошоците кои се наметнуваат ако не постапите законски. Известувањата треба да се испратат на [email protected]

 

Ако го примиме горенаведеното известување, администраторот и/или сопственикот на YTMP3.com ќе поднесе формулар за идентификација на корисникот кој погрешно го искористил производот и на тој начин се нарушиле искажаните права и ќе побара блокирање на пристапот на корисникот до YTMP3.com во иднина.

 

5. Ограничување на одговорноста

 

Со пристапување до YTMP3.com, го потврдувате фактот дека ја користите веб-страната на своја сметка, Вие сте единственото одговорно лице за почитување на законите, правата на трети лица и условите во кои овој производ се става на располагање.

 

YTMP3.com не сноси одговорност за однесувањето на корисниците и не сноси одговорност за предрасуди предизвикани од нив на трети лица; YTMP3.com им става на располагање на корисниците само технички производи придружени со услови за користење кои, ако се почитуваат, гарантираат послушност на законот и почитување на законските права и интересите на лицата.

 

YTMP3.com, нејзиниот сопственик/администратор, сите судски лица и поврзани субјекти, партнерски фирми или кои припаѓаат на иста група, договорни партнери, вработени и други агенти на Mandarine International S.A., кои се вклучени во обезбедувањето на било која од услугите кои се нудат на веб-страната, вклучувајќи и создавање и издавање на материјали, не сносат одговорност за директна или индиректна штета, од било каква природа, која би произлегла од пристап до веб-страната или е поврзана со користење на оваа веб-страна и нејзината содржина, дури ни во ситуација ако се претходно известени за можноста за такви загуби. Покрај тоа, нивната одговорност не може да се прошири до употреба со лоши намери, спротивно на законот или непочитување на наметнатите услови, од страна на корисниците на YTMP3.com.

 

YTMP3.com не презема никаков ризик за штета причинета на корисниците од пристап до веб-страната, вклучувајќи потенцијални компјутерски вируси или други штетни елементи кои предизвикуваат штета на компјутери или други електронски уреди во сопственост на корисници или посетители, на мрежата од која се пристапува до веб-страната или било која друга загуба на податоци. Пристапот и користењето на YTMP3.com е на исклучива одговорност на корисникот.

 

YTMP3.com не сноси одговорност за менување, суспендирање или прекинување на услугите кои се достапни преку веб-страната.

За деловите на веб-страната кои може да содржат мислења на читатели, одговорноста за содржината на тие мислења припаѓа целосно на нивните автори. YTMP3.com има право да не ги објавува тие мислења и ставови кои се спротивни на условите и одредбите за употреба или на било кој начин штетат на имиџот на сопствениците на YTMP3.com, партнерите или трети лица.

 

YTMP3.com не може да гарантира на никој начин дека услугите кои ги нуди ќе бидат непрекинати, обезбедени навреме, сигурни или без грешки. Објавениот материјал е чисто информативен и не може да замени мислење од специјалист, во применливите случаи.

 

YTMP3.com ја исклучува секоја одговорност во врска со гаранција за точноста на содржината обезбедена од трети лица.

 

Целата образовна, социјална, информативна и мултимедијална содржина до која пристапува корисникот преку YTMP3.com е обезбедена од надворешни веб-страни, кои се домаќини и чија содржина е достапна за пошироката јавност. Овие веб-страни и нивните оператори се одговорни за содржината на која се домаќини, што ја обезбедуваат и/или пренесуваат и YTMP3.com не одржува било каков вид на врска со веб-страни од трети лица и затоа нема да сноси одговорност за содржината, ниту пак може да ја контролира.

 

6. Заштита на податоци и доверливост. Чување на информации. Работа со лични податоци.

 

Обично, нашата веб-страна може да се користи без внесување лични податоци. Кога личните податоци (како што се име, е-мејл адреса, или адреса) се собираат, чуваат и користат од нашите страни, тоа секогаш се прави почитувајќи ги законските диспозиции наведени во Законот 677/2001 за заштита на лица во однос на користење лични податоци и слободно движење на тие податоци.

 

YTMP3.com ги чува сите податоци што ги пренесувате кај нас кога ќе се регистрирате да ги користите нашите онлајн услуги, услугата за помош на клиенти или техничка поддршка, при што можеби ќе треба да пополните формулар со Вашето име и е-мејл адреса. Овие информации се чуваат во нашата база на податоци.

 

Оваа веб-страна користи свои сопствени колачиња, како и колачиња од трети лица, со цел подобро да Ви ги разбере потребите и да се подобрат производите и услугите, како и да им овозможи на посетителите многу подобро искуство и услуги кои се прилагодуваат на индивидуалните интереси. Вашите лични податоци можат да се користат за персонализирање на услугата YTMP3.com колку што е можно, како и за маркетинг.

 

Колачињата од трети лица што се среќаваат на оваа веб-страна може да се од следните субјекти: Doubleclick.com, Facebook.com, Google Analytics, Google Adsense итн., како и од корисниците на услугите за рекламирање обезбедени од нашата компанија во одреден момент преку веб-страната. Може да ја погледнете целата листа на колачиња од трети лица во објавената листа во делот „Политика на колачиња“. YTMP3.com нема пристап до овие колачиња, ниту може да ги контролира.

 

YTMP3.com ќе може да ги пренесе собраните податоци до партнерски веб-страни, веб-страни кои припаѓаат на истата група или на особено посакувани партнери.

YTMP3.com исто така, ќе може да ги користи Вашите податоци за да Ве контактира, ќе ги чува и менува личните податоци за да Ви испрати информации за нови понуди, промоции, рекламирање и пораки за директен маркетинг. Ако не сакате да Ве контактираме повеќе или барате промена на било какви информации кои ги обезбедуваме, можете директно да го побарате ова на е-мејл адресата: [email protected]

 

Било кој друг вид на комуникација и материјали кои ќе ги пренесувате на оваа веб-страна, како прашања, коментари, предлози и други слични пораки, ќе се сметаат за недоверливи и не се предмет на било каква заштита. Исто така, YTMP3.com не сноси никаква одговорност за ситуации во кои корисникот објавува било какви лични податоци, по негова сопствена иницијатива, во јавна порака, на веб-страната YTMP3.com.

 

7. Линкови до други страни (член 15 Закон 365/2002)

 

Забрането е да создавате линкови до други веб-страни со оваа веб-страна или обратно, без претходна писмена согласност.

 

Веб-страната YTMP3.com содржи линкови до веб-страни на трети лица или други услуги кои не се во сопственост или под контрола на администраторите на YTMP3.com. Користењето и пристапот до овие линкови е избор на корисниците и кога се пристапува до овие линкови, корисниците се согласуваат со политиката на соодветната веб-страна. Ви препорачуваме да ги прочитате условите на користење и изјавите за доверливост на сите веб-страни на трети лица пред да ги користите или да испратите лични податоци или какви било други информации на или преку овие веб-страни.

 

YTMP3.com не ги контролира и не сноси одговорност за достапноста на овие страни, нивната содржина, нивното можно прекршување на авторски права, вистинитоста што овие страни ја обезбедуваат, безбедноста што ја имаат, без разлика дали содржат компјутерски вируси или други штетни елементи кои Ве загрозуваат или кои предизвикуваат штета на компјутерот или на други електронски уреди, мрежата од која можете да пристапите до веб-страната или било која друга загуба на податоци.

 

Исто така, YTMP3.com не сноси одговорност за видот на производи или други материјали кои овие веб-страни го обезбедуваат, за комерцијалната активност која соодветните страни ја практикуваат, ниту за било какви предрасуди или загуби кои корисниците може да ги доживеат со пристап на соодветниот линк или во поглед на информации, содржина, средства или услуги кои соодветните веб-страни ги ставаат на располагање.

 

8. Промена на овие услови

 

YTMP3.com има право да ја променува или заменува содржината на условите и одредбите на користење во било кој момент, со или без претходно известување на корисникот. Новите услови се применуваат од моментот кога се објавуваат на веб-страната и немаат ретроактивни ефекти.

 

Каква било измена, без оглед колку е значајна, како и замена на услови и одредби, се целосно во дискреција на Mandarine International S.A.

 

Ве молиме проверувајте и препрочитувајте ги овие услови редовно, со оглед на фактот дека било какви промени ќе се применуваат веднаш по објавувањето на веб-страната. Користењето на веб-страната по објавувањето на овие измени ќе се смета премолчено прифаќање на измените.

 

9. Важечкиот закон

 

Со посета на веб-страната, корисникот се согласува дека било кој спор е јурисдикциски на надлежноста на судовите за обичајно право од Букурешт, Романија.

Важечкиот закон е романскиот закон, како и меѓународните одредби во однос на авторски права, интелектуална сопственост и електронска трговија (европските директиви во однос на авторски права и електронска трговија, договорите на Светската организација за интелектуална сопственост (СОИС), и сите други применливи договори, конвенции и акти на кои Романија се приклучила или ги прифатила).

 

Некои од овие одредби може да не се компатибилни со Вашиот национален закон, па затоа љубезно Ве советуваме да се информирате за прописите во Вашата земја.

 

10. Поплаки/Поддршка

 

За било какви прашања, сомнежи, поплаки, предлози во врска со веб-страната или услугата понудена од YTMP3.com, Ве молиме контактирајте нè на е-мајл адресата:[email protected]

 

Последно ажурирање: 16. 12. 2016